гравитација has been a bad boy :)
февруари 9th, 2010Прозорците шкрипат
Под ноктите на студот.
Ѕидовите се обливаат
Со ладна пот.
Подот е среќен,
Некој му плисна вода.
Вратите треперат
Во морници од вресоци.
Предметите бегајќи
Паѓаат во парампарче.
Само подот е среќен,
Сака да ги прегрне сите.
Зло танцува преку телата на тие невини луѓе.
Праќа во прогон се што е среќа.
Злото убива невидливи нешта,
Претворајќи лица во маски на ужас.
Само проклетиот под е среќен.
Сите ќе се впиеме во него.








